-->
-->
АБА лига: МЗТ Скопје испушти победа во Загреб
-->
Македонскиот првак МЗТ Скопје пропушти триумф на тешкото гостување кај Цибона во Загреб каде дури во продолжение загуби со 87-85.
Аеродромци имаа водство од 8 поени на стартот на последната четвртина но дозвоија на 15 секунди пред крајот домаќинот преку тројка да го израмни резултатот по што металците имаа напад но се сплеткаа и не успеаја да реализираат.
Во продолжението домашните повторно со тројка го срушија МЗТ и се радуваа на значајна победа во јадранското натпреварување.
МЗТ играше со новиот тренер Драган Николиќ и најави подобри денови во Јадранската лига.
Мајк Кафи со 19 и Страхиња Миќовиќ со 17 поени беа најпрецизни кај „металците“.
Македонскиот шампион на крајот од првата полусезона во АБА има скор 2-11, во пресрет на гостувањето кај Партизан следниот викенд во Белград.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани