Кошарка
20. October 2015 - 8:37

АБА лига: Мега славеше против Игокеа

Во драматична завршница на последниот дуел од шестото коло во регионалната кошаркарска АБА лига, екипата на Мега Лекс синоќа на свој терен ја победи Игокеа со 69:68.Победничкиот тим беше ослабен со неиграњето на македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски.
 
Во оваа рунда гостинска победа запиша МЗТ Скопје Аеродром против Сутјеска со 77:68.
 
Резултати на другите натпревари играни во текот на викендот:
Задар – Тајфун 73:67, 
Цибона – Партизан 63:57, 
Крка – Металац 70:75, 
Будуќност – Цедевита 76:66, 
Црвена Звезда – Олимпија 73:77.
 
Табела: Будуќност 5-1 (победи-порази), Црвена Звезда 4-2, Олимпија 4-2, Цедевита 4-2, Мега Лекс 4-2, Игокеа 3-3, МЗТ Скопје Аеродром 3-3, Металац 3-3, Партизан 2-4, Задар 2-4, Цибона 2-4, Тајфун 2-4, Крка 2-4, Сутјеска 2-4.