Кошарка
11. January 2016 - 20:57

АБА лига: Ц.Звезда славеше во Љубљана

Кошаркарите на Црвена Звезда остварија победа попладнево на гостувањето во Љубљана во дуелот од 19.коло од АБА лигата. Актуелниот шампион Црвена Звезда ја псовлада Олимпија со 77:69 (16:23; 24:13, 24:15, 13:18). Победникот беше решен со подобрата игра на „црвено-белите“ во втората и третата четвртина. Најефикасен на дуелот беше Американецот Кинси Милер во дресот на Црвена Звезда со 25 поени.
Вечерва од 21 часот се игра последниот натпревар од 19.коло меѓу Игокеа и Мега.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: МЗТ Скопје Аеродром – Сутјеска 71:75, Партизан – Цибона 85:82, Цедевита – Будуќност 57:81, Металац – Крка 83:77 и Тајфун – Задар 66:82.
Табела: Будуќност 17-2 (победи-порази), Цедевита 15-4, Црвена Звезда 14-5,  Мега 12-6, МЗТ Скопје Аеродром 8-11, Цибона 8-11, Крка 8-11, Металац 8-11, Олимпија 7-12, Партизан 7-12, Сутјеска 7-12, Тајфун 7-12, Игокеа 6-14.