Кошарка
27. November 2016 - 9:37

АБА: Карпош Соколи „специјалист“ за екипите од врвот

Екипата на Карпош Соколи ја постигна втората победа во АБА лигата откако синоќа во рамките на 11.коло ја совладаа екипата на Цедевита со 89:81. Резултат по четвртини 25:12;20:22;21:20 и 23:27.
Победата и изненадувањето Карпош Соколи го најави од самиот почеток на дуелот. Предноста од првата четвртина играчите на тренерот Драган Николиќ ја зачуваа до крајот на натпреварот, иако гостите од Загреб во неколку наварти се доближија, а во 37.минута беше 75:72 за Карпош Соколи.
Најефикасни на дуелот беа  Драган Зековиќ (Карпош Соколи) и Џамар Ботрајт (Цедевита) двајцата со по 23 поени.
 
Вториот македонски тим во АБА лигата МЗТ Скопје Аеродорм гостува кај Игокеа, а почетокот на дуелот е во 17 часот.
Резултати на натпреварите од 11.коло: Морнар – Крка 86:73, Партизан – Мега 86:79, Карпош Соколи – Цедевита 89:81. Денеска играат: Игокеа – МЗТ Скопје А., ФМП – Будуќност, Цибона – Задар, додека дуелот Олимпија – Црвена Звезда се игра во понеделник. 
 
Табела: Црвена Звезда 10-0 (победи-порази), Будуќност 9-1, Партизан 8-3, Цедевита 7-4, Цибона 6-4, Игокеа 5-5, Мега 4-7, Крка 5-5, Морнар 3-8, Задар 4-6, ФМП 3-7, МЗТ Скопје А. 3-7, Карпош Соколи 2-9, Олимпија 3-6.