АБА 2: ТФТ Скопје ја совлада Војводина

Кошаркарите на ТФТ Скопје ја забележаа втората победа во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва на домашен терен ја совладаа Војводина со 75-71 во рамки на 2. коло.
Натпреварот беше резултатски израмнет по првите три четвртини, по што гостинскиот тим влезе во серија успешни напади и поведе со највисоки плус девет поени разлика (65-56).
Сепак, избраниците на Боро Смилковски во продолжението ги консолидираа своите редови и го однесоа натпреварот во неизвесна завршница во која ТФТ на крајот извојува заслужена победа, втора оваа сезона, по стартниот триумф на гостински терен над Раднички.
Гордон со 21 и Ташовски со 18 поени беа најефикасни во редовите на ТФТ Скопје.
Во 3 коло, ТФТ Скопје на 5. ноември го пречекува словенечкиот тим Хелиос Домжале.
МИА
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
