АА за оставките: Обвинителството да дејствува, да не дозволи никој да избега и да ни се случи „Будимпешта 2“
Тие коишто пред само 24 часа рекоа дека е време за предизвици, а не за оставки, по објавувањето на првите индиции за трагични грешки во изградбата на модуларната болница во Тетово, даваат оставки. Овие задоцнети оставки се обид да се оправда нефункционалната влада која мора да поднесе оставка до последниот, тактика на неодговорни функционери за да ја покријат својата вина, брзање да го амортизираат револтот на граѓаните и игра да избегаат од одговорноста. Во минатото видовме случаи што завршија со оставка и во следниот мандат со повторно назначување на истите функционери во други оддели, но без никаква кривична одговорност. Трагедијата во Тетово го потресе светот, избриша 14 животи и ги изгори срцата на сите нас. Овој случај не смее да остане без правда и без одговорност. Го повикуваме обвинителството да не подлегне во политички игри, да дејствува итно и да не дозволи ниеден од осомничените да избега и да ни се случи „Будимпешта 2“.
АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ
Ново на Сител
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
