АА: Братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада
Алијанса за Албанците: Моноетничката власт денеска ја запечати ориентацијата и односите на државата со соседните земји. Обидот да се прикрие скандалот со Претседателката на Косово, Вјоса Османи преку приемот на Премиерот Албин Курти денеска докажа дека и приемот на Курти бил понижувачки за Косово во однос на приемот што денеска му го приреди на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.
Сите бевме сведоци како Премиерот Курти при посетата на Скопје не беше пречекан со висок државен протокол, со државниот оркестар и интонирање на химната на двете држави, туку беше примен во Владата само како обичен гостин.
Во меѓувреме, денеска за Вучевиќ беше организиран највисокиот државен протокол со комплетна церемонија од влегување на граница до прием во Владата. Дополнително, премиерот Мицкоски во изјави за медиумите потврди дека Србија е „повеќе од сосед“ и со нив делиме „повеќе од граници“.
Дополнително, двајцата премиери денеска се заложија за зајакнување на билатералните односи во областа на енергетиката и економската интеграција, додека во однос на Косово и другите соседи, Владата ги намалува средствата за инфраструктурни проекти како што се патот Скопје-Блаца и Коридорот 8.
Ново на Сител
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот