А1 Македонија донира безбеден безжичен интернет за дечињата на Клиника за детска хирургија
– Доследна на својата мисија за општествено одговорно делување, а во пресрет на новогодишните празници, А1 Македонија донира бесплатен безбеден безжичен интернет за дечињата на ЈЗУ Клиника за детска хирургија. Со овој мал гест А1 ја потврдува стратешката определба да биде социјално одговорна компанија која одржува високи етички стандарди, да придонесува во општеството покажувајќи поддршка за заедницата и да помогне онаму каде е потребно.
“Голема благодарност до А1 Македонија за брзата одлука и реализација на донацијата. Ваквите вложувања ни помагаат да го одржиме модерниот начин на поврзаност и да додадеме вредност за пациентите и на деновите поминати во болнички услови. Тоа што донацијата е пред новогодишните празници и дава специфична тежина и значење за сите пациенти сместени на клиниката, изјави м-р Елмедин Асани, директор на ЈЗУ Клиника за детска хирургија.
Со донацијата, бесплатен и безбеден интернет добиваат сите мали пациенти сместени на клиниката, посетителите и персоналот на Клиниката кој деноноќно се грижи за здравствената состојба на пациентите сместени на детската хирургија.
“Нашата определба да донираме и да вложуваме во зедницата е искрена и долгорочна. Таа произлегува од желбата да издвоиме дел од компаниските приходи за активности кои се значајни за општеството. Особено сме среќни и задоволни што овојпат средствата одат во обезбедување непречена и безбедна комуникација за малите пациенти сместени на клиниката за детска хирургија, а особено сега кога претстојните празници ќе ги поминат токму на колиниката бидејќи имаат потреба од третман и здравствена заштита, изјави Методија Мирчев , извршен директор на А1 Македонија.
Под мотото “За подобар свет” во рамки на програмата ESG (environmental, social and corporate governance), A1 Македонија е целосно посветена кон развој и реализација на општествено-одговорни проекти во областа на животната средина, дигиталната писменост и корпоративно управување.
Ново на Сител
-

Пожарникарите од Крива Паланка спасија куче кое паднало во бунар длабок седум метри
-

Учениците од утре на настава - едносменска во 620 училишта
-

Големо намалување на цената на дизелот од полноќ, бензинот поскапува
-

51 инфлуенсер, луксузни хотели и забави: Ќерката на Орбан потрошила 8 милиони евра јавни пари за инфлуенсерска кампања
-

Бидете дел од новата сезона на Сител: Пријавете се за учество во „Се или Нешто“, „Брза Кујна“ или „Листа за 300“
-

ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување
-

Од утре нови правила на Скопскиот аеродром: Само еднаш дневно ќе може бесплатно да влезете со автомобил
-

Вишото јавно обвинителство наложи продолжување на истрагата против Капушевски и Јахоски за случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра
