-->
-->
980 000 евра казна за Санчез поради затајување данок
-->
Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез се изјаснил дека е виновен по обвинението на шпанските власти за затајување на данок во оваа држава.
Алексис Санчез во 2012 и 2013 година кога бил играч на Барселона ги проневерил парите од продажбата на авторските права преку компании во Чиле и Малта. За да го запре целиот процес кој шпанските власти го водат против него, тој преку видео линк ја признал вината и вратил околу 980.000 евра.
Покрај парите кои и ги надоместил на шпанската држава тој ќе биде и парично казнет, а шпанските медиуми најавуваат дека ќе добие и условна затворска казна.
Санчез е третиот играч на Барселона кој е осуден за затајување на данок, претходно се казнети Лионел Меси (21 месец условна казна) и Хавиер Маскерано (12 месеци условна казна).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација