96-годишна Германка која работела во концентрационен логор побегна пред судење
Германка, обвинета за помагање и поддржување масовни убиства во нацистички концентрационен логор, избега пред почетокот на судењето.
Како што пренесуваат германските медиуми, необично е што станува збор за 96-годишната Ирмгард Фурнер, која е обвинета дека била соучесник во убиството на 11.412 луѓе кога имала 18 години, додека била дактилографка во концентрациониот логор Штутхоф помеѓу 1943 година и 1945 година.
– Обвинета е за бегство. Таа го напуштила својот дом рано утрово со такси, движејќи се во правец на станицата на метрото, изјави портпаролката на судот Фредерике Милхофер.
Нејзината моментална локација е непозната и по неа е распишана потерница.
Судот во северниот германски град Ицехо во соопштение наведе дека осомничената „во функција на стенографка и дактилографка во канцеларијата на командантот на логорот им помагала и ги поддржувала одговорните во логорот во систематското убиство на затворениците кои биле таму од јуни 1943 до април 1945 година“.
Фурнер изјави дека не била свесна за убиствата што се случиле во логорот додека работела таму, јави ДПА.
Во логорот имало околу 100.000 затвореници во ужасни услови. Повеќе од 60.000 луѓе починале од болести и глад, некои задушени со гас, а други убиени со смртоносни инјекции или принудени да излезат во зима без облека додека не умрат од смрзнување.
Ново на Сител
-
Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата
-
Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА
-
Влада: 250 евра ваучер за сите студенти за електронски уреди и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница