Македонија
8. February 2025 - 17:26

91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари

Скопјанка на возраст од 91 година, вчера во 15 часот во СВР - Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот внук и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа - прегазиле дете и доколку не сака тие да лежат во затвор, требало да плати.

- Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината снаа, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, потенцираат од МВР.