Бизнис
6. July 2020 - 16:46

90 проценти од приговорите за платежните картички се одбиени

Прифатени само 10% од приговорите за домашна платежна картичка. Од пристигнати околу 30.500 жалби, обработени 22,5 илјади, позитивен одговор има за 2.300 лица. Останатите, скоро 8,000 -  од кој најголем дел се приговори од ученици и студенти, се уште чекаат дополнителна проверка, информиираат од Генералниот Секретаријат. Иако рокот за известување по поднесените жалби истече во петокот, според надлежните до утре ќе се знае уште колку точно лица ќе можат да купуваат домашни производи на државен трошок.

Инаку, целиот процес се очекуваше да заврши до 18-ти јули, односно тоа е последниот рок кога требаше да бидат отпечатени и доставени сите платежни картички, кои треба да се искористат до 15-ти август.

Што се однесува пак на приговорите за ваучерите за туризам, одговор чекаат уште 13,000 граѓани. Позитивно им е одговорено на 25 илјади кои веќе го добиле кодот за летување на државен трошок. Во кои сместувачки капацитети ќе може да се искористи, се уште не е објавено, но од економија велат дека се пријавиле над 400 објекти и деновиве ќе бидат истакнати и овие листи. Инаку ваучерите во вреднсот од 6,000 денари ќе можат да се користат веќе од наредната среда, па се до крајот на годината.