88 илјади евра казна за лица кои нелегално фрлале отпад во Вардариште
Инспекторатот за животна средина на Град Скопје во рамки на новите заложби на Град Скопје за зголемена контрола и инспекциски надзори со цел заштита на животната околина и здравјето на граѓаните, во процесот на засилени контроли за фрлање на отпад во Вардариште издаде прекршочен паричен налог и парична казна од 88 илјади евра, соопштија денеска од Град Скопје.
Според извештајот на Инспекторатот на Град Скопје, затекнатите лица нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле животната средина и ја загрозиле безбедноста по здравјето на граѓаните, што е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад.
– Мора да има системски решенија и секој мора да ги почитува законите кои ќе се спроведуваат неселективно. Град Скопје нема да толерира ниту едно физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа влијае на загадување на воздухот, почвата и водите, и свесно го загрозува здравјето и животот на скопјани, а секое прекршување ќе биде соодветно санкционирано, истакнуваат од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Намален бројот на студенти, покажува истражувањето на ЦГК
-
Вработени на патарина „Романовце“ не наплаќале на полицaјци | ВИДЕО
-
Гола статуа на Доналд Трамп поставена кај Лас Вегас
-
Рама по инцидентот: Политиката има моќ да сее но и да истребува
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја