84 годишен дедо со нож се обидел да убие жена во хотел во Куманово
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 84-годишен маж осомничен за обид да изврши кривично дело „убиство“, сторено од ниски побуди, со умисла, според член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Инцидентот се случил на 4 декември, во хотел во Куманово. Според обвинителството, осомничениот утрото искористил момент кога друг гостин ја отворил влезната врата и незабележано влегол во објектот. Потоа се упатил кон собата каде престојувала оштетената заедно со својот неподвижен сопруг.
Кога жената го забележала пред собата и тргнала да ја затвори вратата за да го спречи да влезе, осомничениот извадил нож и ја удрил во пределот на главата. Во моментот кога ножот му паднал од рака, оштетената успеала да се повлече и почнала гласно да бара помош.
На нејзините крици реагирал нејзиниот син, кој престојувал во соседната соба и успеал да го спречи напаѓачот да продолжи со нападот.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Куманово му одредил мерка притвор на осомничениот.
Ново на Сител
-

Николоски: Воведовме 23 нови авиолинии, имаме рекордна бројка на патници
-

Одронот пред патарина во Велес е расчистен, сообраќајот на автопатот Скопје - Велес е нормализиран
-

Законот за минимална плата од 600 евра денеска пред пратениците
-

Американската војска е подготвена да го нападне Иран в сабота, Трамп сè уште не донел одлука
-

Почна Рамазанскиот пост
-

Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху
-

Осум скијачи загинаа, еден исчезна во лавина во Калифорнија
-

Без вода касарната Илинден и дел од „Македонско-косовска бригада“
