80 деца Новата година ќе ја дочекаат на Детската клиника
80тина дечиња новогодишната ноќ ќе ја поминат во клиниката за детски болести.
Поради здравствената состојба, 2018 ќе ја дочекаат во болничките кревети. Но и во овие предновогодишни прослави и подготовки не беа заборавени од првата дама, која и оваа година им овозможи да почуствуваат дел од новогодишната магија.
Маја Иванова им подели пакетчиња на сите пациенти со желба што побрзо да оздрават и да се вратат на детскиот безгрижен живот.
Првата дама Иванова, која веќе седма година по ред ја посетува Клиниката за детски болести делејки им подароци на децата, истакна дек е особено задоволна што оваа година заврши реновирањето, и беше пуштен во употреба Одделот за интензивна нега во рамките на детската клиника.
Ова е втор реализиран проект со поддршка на Турската меѓународна агенција за соработка и развој ТИКА, откако претходно беше изграден Ургентниот центар за Клиниката за детски болести.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
