Македонија
20. July 2024 - 18:58

8 странски државјанки приведени во ноќен клуб на патот Тетово - Скопје

Во контрола во ноќен клуб на регионалниот пат Тетово - Скопје ноќеска во периодот од 00.00 до 02.00 часот полицијата затекнала осум странски државјанки на возраст од 22 до 32 години од Русија, Молдавија и Албанија, кои го злоупотребиле престојот, односно престојувале во државата спротивно на целта. 

МВР денеска соопшти дека тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.