8 починати и 767 новозаболени од Ковид-19 во Косово
Во Косово во минатите 24 часа за прв пат се извршени над две илјади тестови според методот РТ-ПЦР и притоа се откриени нови 767 заболени од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вчера се регистрирани и нови осум смртни случаи на лица заразени од коронавирусот, со што бројката на жртви на епидемијата се искачи на 784.
Вкупно од почетокот на пандемијата, вклучително вчерашните 2.178, во лабораторијата за микробиологија на ИКШПК и во приватни клиники се извршени 113.738 тестови.
Во изминатите 24 часа како излекувани се евидентирани 186 пациенти, додека вкупно досега болеста ја совладале 16.685 лица кај кои е откриен вирусот.
Според официјалните податоци, активни носители на вирусот моментно во Косово се 9.418 случаи.
Од утре, 13 ноември, во земјата стапуваат во сила нови мерки за заштита од ширењето на епидемијата, меѓу кои е карантинот и полицискиот час во општините со најголем процент на заразени.
Жартиште на епидемијата е главниот град Приштина, во кој досега се потврдени повеќе од 9.500 носители на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам