Македонија
15. July 2022 - 16:37

7ми ден потрага по Мартин - братот се приклучи на спасувачките служби

Волонтери од Скопје ќе го бараат Мартин кој исчезна пред седум дена на Халкидики. Пријатели и роднини на изгубеното момче  се организираат да помогнат во потрагата со дронови, двогледи и друга опрема за лоцирање. Шест волонтери заминаа а организаторите на акцијата бараат и луѓе кои го познаваат грчкиот јазик за да имаат подобра комуникација со локалните волонтери.

Потрагата ја води Христос Рамос кој за грчкиот медиум Voria ги соопшти зборовите на братот на Мартин, кој нагласува дека ќе направи се што е потребно за да се лоцира неговиот брат.

„Ми рече дека ќе ги помести небото и земјата за да го најде својот брат, мобилизирајќи се што е потребно. Ни рече да бидеме спремни на се, и можеби ќе плати авион повторно“, забележува шефот на волонтерски спасувачи.

Потрагата од  грчките пристанишни власти е завршена и сега е преземена од полицијата. Во втората фаза од потрагата сите бродови кои пловат на поширокото подрачје се известени дека треба  веднаш да ги информираат надлежните доколку забележат некакви траги, соопштуваат грчките медиуми.

Братот на Мартин, кој од САД пристигна на Халкидики, и неговиот пријател Иван кој беше пронајден по поминати 20 часа на отворено море, отворија банкарска сметка чии пари ќе помогнат во потрагата. Отворени се и телефонски линии за за корисниците на Телеком и А1 со цел прибирање на средства за продолжување на потргата на Мартин.