Македонија
6. October 2020 - 10:21

785 санкции за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (05/06.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 785 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.