Македонија
2. August 2021 - 16:56

77 години од АСНОМ одбележани на Пелинце, премиерот Заев повика на чување на идеалот на Илинден

Секоја генерација има свој Илинден, а членството во НАТО и целта  за членство во ЕУ се нашиот трет Илинден. Ова се дел од пораките кои премиерот Заев ги упати од Пелинце по повод  денот на Републиката. Повика на единство и порача дека државата се гради со дела. 

„Нашиот Трет Илинден е печатот ставен на личната карта на Северна Македонија во Обединетите Нации, држава во која официјален и службен е македонскиот јазик. Нашиот трет Илинден е и нашата борба и нашата победа на демократските наспроти декадентните вредности. Победата на парламентаризмот и дијалогот наспроти едноумието, омразата и насилството“, потенцираше премиерот Заев

Заев истакна дека земјава е една од ретките која наспроти блокадите и ризиците гради мостови. Различностите се почитуваат,а манифест на денешницата  е грижата за граѓаните.

Свечената програма во Пелинце по положувањето на свежо цвеќе, продолжи со настап на Танец и на Националната установа за ансамбл на албански ора и песни.