73% помалку заболени од сезонски грип во однос на претходната година
Министерството за здравство информира дека во сезоната 2020/2021 година вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесува 433. Ова претставува 73,2% помалку во споредба со истиот период лани и 86,3% помалку во однос на типичната сезонска крива.
Најголемиот број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (190 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.
Во втората недела од 2021 година, пријавени се 36 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи зголемување од 18 случаи во однос на истата недела во 2020 година.
Во Република Македонија, заклучно со втората недела, вакцинирани се вкупно 48.406 лица против сезонски грип. Од нив, 37.870 лица се вакцинирани со бесплатна вакцина, додека пак 10.536 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.
Мерките за заштита од КОВИД-19 вирусот придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување.
Повеќе информации во однос на состојбата со грип во земјава, за сезоната 2020/2021, заклучно до 17.01.2021 година може да добиете од веб-страницата на Институтот за јавно здравје: https://www.iph.mk/grip-2-
Ново на Сител
-
Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
-
Полицијата викендов во контроли на угостителски објекти во Куманово, констатирани прекршоци
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок
-
Струшките плажи и годинава без спасители на вода
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари