Македонија
17. September 2022 - 16:53

72 годишен маж од Квадарци починал откако паднал од дрво

На 16.09.2022 околу 12.50 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во с.Старо Конско, општина Богданци, Р.П.(72) од Кавадарци паднал од дрво во дворното место од викенд куќа и од здобиените повреди починал на местото.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.