700 апликанти за бесплатните обуки за деловен англиски јазик
За неполн месец над 700 невработени лица се јавиле на повикот за бесплатна обука за деловен аглиски јазик. Надлежните задоволни од интересот за мерката. Откако ќе завршат со тестирањето, лицата ќе одат на обука која ќе трае три месеци. Потоа полагаат завршен испит и на крај добиваат сертификат за странски јазик кој е меѓународно признат. Огласот е објавен на 12 септември и ќе трае до крајот годинава. Право да аплицираат имаат сите млади невработени кои имаат основно познавање од англсики јазик.
-Оваа мерка е од голема важност зошто младите ќе се стекна со сертификат кој е меѓународно признат, и со кои ќе ја подобрат својата конкуренција на пазарот на трудо. Има многу работодавачи кои барата кај младите познавање на англиски јазик за да го вработат. Се повеќе странските јазики стануваат услов за доаѓање до работно место, Виолета Стојановиќ од АВРМ.
До крајот на годинава со грантовите за смаовработување се очекува да се отворат 1.000 нови мали и микро бизниси и да се отворат 50 нови работни места. Од 2007 година кога се воведе мерката до сега отворени се близу 9.000 бизниси, од кои 70 отсто сеуште активно работат.
Мерките се дел од оперативниот план за намалување на невработеноста за годинава.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
