Бизнис
19. October 2018 - 17:05

70-80 илјади македонски граѓани имаат едвај 3 пристојни оброци неделно

Од 70.000 до 80.000 луѓе во Македонија имаат одвај три пристојни оброци неделно. Истовремено, истражувањата покажуваат дека додека едни гладуваат други фрлаат големи колични храна. Домаќинствата се најголеми расфрлачи, а продукт кој најчесто завршува во ѓубре е лебот. Храната пак од рестораните не се фрла, затоа што ја јадат вработените таму кои се со ниски примања.

- 70 до 80 илјади луѓе имаат два до три оброка неделно. Овие податоци се добиени врз основа на вкрстени истражувања во последните три-четири години од страна на 13 организации кои работат во 11 градови во државата. Во Скопје на дневна основа има потреба од минимум 13 илјади и повеќе оброци. Според Христов, не само социјалните случаи имаат потреба од храна, имаат потреба и оние со ниски примања, а тие во Македонија, подвлече, се со најголем број.

За да се намали количеството храна кое завршува во депонија, а да се нахранат тие што не можат да ја купат потребни се измени во законодавството  за да се дефинира што е вишок на храна и кој би можел да ја дистрибуира до сиромашното население. Мора да се подготват и листи на храна која може да се донира и корисници кои ќе ја добиваат. Сличен проблем има и во земјите од ЕУ.

 Во ЕУ осум проценти од населението имаат проблеми со материјалната безбедност и оттука ЕУ работи на тој проблем и се обидува да им помогне. На европско ниво годишно се фрлаат 88 илјади тони храна и тоа од самото производство до крајниот корисник. Половина од овој износ се фрла од самите домаќинства, изјави Фриго, која се наоѓа во прва посета на Република Македонија.

Според статистичките податоци половина милион луѓе во земјава живеат во сиромаштија и имаат проблем да се прехранат.