7 нови случаи на заразани од мали сипаници - сите се деца до 2 години од Ново Лисиче од градинката ,,Сонце‘‘
Министерството за здравство соопшти дека денеска до 13 часот, на Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани седум деца на возраст од две години со симптоми на мали сипаници (морбили). Сите деца се од населбата Ново Лисиче од Скопје и ја посетувале детската градинка „Сонце“. За овие седум пријавени случаи се чека лабораториска потврда.
Инаку, досега се заболени осум деца од оваа градинка, сите невакцинирани со МРП вакцината. Инаку, во групата имало 28 деца сите невакцинирани.
Од 16 декември до денеска вкупно 22 лица биле хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје. Од нив, 13 лица се уште се хоспитализирани, а девет се веќе пуштени на домашно лекување. Најмладиот пациент е осуммесечно бебе, а најстариот има 33 години од Скопје.
Најмногу заболени има во населбата Ново Лисиче (општина Аеродром) – вкупно девет деца.
Инаку, од вкупниот број заболени, осум пациенти од Скопје биле со полесна клиничка слика и се на домашно лекување. Според податоците од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, досега се прегледани околу 30 пациенти за кои се сомневале или потврдиле дека се заболени од морбили. Досега во сите вакцинални пунктови во Скопје се вакцинирани 1.692 лица, а само денес до 13 часот вакцинирани се 85 деца.
Од Министерството повикуваат децата да се вакцинираат и посочуваат дека има доволно количини МРП вакцини. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, наведуваат од Министерството.
Ново на Сител
-
Сител сторија: Дивите депонии во Преспа го загрозуваат здравјето на жителите – како до решение?
-
М. Брод останува една од најеколошките општини - повторно целосно возобновена пречистителната станица
-
Доцнат дрвата за огрев за штипските пензионери
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив