7 години студирање за 6,24 просек – потврда за правниот капацитет на Катица Јанева
Миленко Неделковски во синоќешното негово шоу го објави Уверението за завршено студирање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на кое се гледа дека нејзиниот просек бил 6,24. Јанева воедно студирала 7 години. За положените предмети добила пет „7“ и 28 шестки.
Нованарот Бобан Нонковиќ кој гостуваше во синоќешната емисија истакна дека според уверението се гледа дека Катица Јанева можеби била многу добро простудирана и избрана од купот обвинители.
-Таа го деградира Правниот факултет кој го претставува. Имаме човек со 6,24 просек, јас не верувам дека во Европа со ваков просек има приправник во адвокатска канцеларија, а не обвинител. Ние имаме избран феноменален профилкој ќе ја игра улогата на кукла, вели Нонковиќ.
Професорот Александар Климовски вели дека несмасноста во нејзините изјави и театарскиот настап кој го има во излагањето говори за капацитетот.
-Ова уверение е само доказ за капацитетите кои ги има како правник, вели Климовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко