Македонија
25. јуни 2022 - 16:32

66 години од раѓањето на трагично загинатиот претседател Трајковски

Струмица ја одбележа 66 годишнината од раѓањето на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. По тој повод,  членови на семејството , но и голем број граѓани, претставници на политичките партии и институции се поклонија пред споменикот Македонија поставен во чест на Трајковски и се присетија на неговиот живот и дело.

За градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, заборав за претседателот Трајковски не смее да има, туку напротив, неговиот светол лик треба постојано да го освежуваме бидејќи како што рече тој заслужи да се споменува со сите негови белези и на човек и политичар.

Во рамки на одбележувањето на годишнината од раѓањето на вториот македонски претседател беше распишан и литературен конкурс на тема „Градиме мир“ на кој учествуваа ученици но и возрасни граѓани од цела држава.

Борис Трајковски е роден на 25 јуни 1956 година во Струмица. Загина на  48 годишна возраст во авионска несреќа која се случи на 26 февруари 2004 година.