-->
-->
64-годишна жена почина по удар од гром на косовската страна на Шар Планина
-->
Жена на 64-годишна возраст денеска загина откако ја удри гром во туристичкото село Превала, во регионот на Брезовица на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Жената по потекло од Урошевац била една од петте лица кои денеска на пладне биле погодени од гром. Таа починала во болницата во Призрен.
– На 18.08.2024 година околу 12:14 часот во полиција е добиена информација дека во Превала гром удрил во пет лица. Една од жртвите, 64-годишна жена од Урошевац, била во потешка состојба, починала во ургентниот центар на Регионалната болница во Призрен, соопшти портпаролот на полицијата за призренскиот регион, Шаќир Битиќи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите