6.000 лица заробени на брод за крстарење во Италија поради симптоми на корона вирус
Околу 6.000 лица се задржани на италијански брод за крстарење северно од Рим додека се вршат тестови на двајца кинески патници, за кои постои сомнение дека се заразени со коронавирус, изјави портпаролот на компанијата „Коста Крочере“, која е сопственик на бродот.
Кинеската двојка пристигнала во Италија на 25 јануари и се качила на бродот Коста Смералда во Савона истиот ден. Подоцна тие добиле треска и имаат респираторни проблеми.
Бродот оваа недела ги посети Марсеј, Барселона и Палма де Мајорка, а денес е во Чивитавекија, северно од Рим.
„Никој не смее да се оддалечи од бродот и во тек се медицински прегледи за да се утврди дали двојката е заразена со потенцијално смртоносен коронавирус“, соопшти портпаролот на компанијата.
Тој рече дека ова може да потрае „неколку часа“ додека не се расчисти ситуацијата.
Вчера, државите започнаа со изолирање на стотици нивни граѓани кои беа евакуирани од кинескиот град Вухан, за да се спречи ширењето на коронавирусот, од кој досега се починати 170 лица.
Ново на Сител
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони