60% од граѓаните се со поддршка за ЕУ, најскептични се младите
Опаѓа поддршката на македонските граѓани во членство во Европската унија. Последна анализа на јавното мислење покажува дека поддршка на евроинтегративниот процес даваат 60 отсто од испитаниците, што е најниско ниво до сега. Она што според истражувачите е добро, што иако поддршката опаѓа не расте евроскептицизмот односно граѓаните што се против членство во ЕУ се движи околу 15 отсто.
Расте бројот на граѓани и кои пореално гледаат на тоа тоа кога државата би станала членка на Унијата. Најголем дел од нив, 40 отсто, сметаат дека тоа би било за 10 до 20 години. Најскептична група за ЕУ се младите полнолетни граѓани, дури 53 отсто.
Околу 69 отсто од граѓаните сметаа дека државата не подготвена за влез во Унија. Една третина од испитаниците сметаат дека за членство во Унијата најбитно е усогласувањето со европските стандарди. Сепак, голем дел сметаат дека и исполнувањето на условите од соседите е многу битно.
И Македонците и Албанците подеднакво, околу 47 отсто, сметаат дека европското знаменце се злоупотребува во политички цели, а 67 отсто од нив пак, дека измените на Кривичниот законик не биле поради ЕУ интеграцијата туку поради амнестирање на политичарите. Граѓаните, сепак, не гледаат друга алтернатива на Европската унија. Иако најголем фактор на влијание во земјава ги сметаат САД, сепај најблизок сојузник гледаат во Брисел.
Политичарите велат дека одговорноста за речиси 20 години препорака за преговори без чекор напред е нивна, иако посочуваат прст една на друг.
Истражувањето е спроведено минатиот месец, на 1000 испитаници репрезентативен примерок со поддршка на Фондацијата конрад Аденауер, а во соработка со Инсиститутот за демократија Социетас цивилис – Скопје. Вакво истражување се спроведува од 2014 година наваму.
-
Катерина Нешковa
Сите содржини од овој новинар