Македонија
20. May 2017 - 19:38

6-та масовна средба на лица со телесен инвалидитет

Ужива да игра шах и пинг понг, иако 40 години е врзан за инвалидска количка. 60 годишниот скопјанец Ристо Фотевски е инвалидизирано лице кој настрадал по скокање во море во 1978 година во Црна Гора.  Успеал да се опорави од повредата на вратот, но останал инвалид.

Вели дека е редовен учесник на средбите на инвалидизираните лица кои се секогаш добредојдени за другарување.

На средбата ,Македонскиот параолимписки комитет промовираше проект “Сменете го вашето мислење – спорт за сите”, чија што цел е поттикнување на младите лица од 15 до 29 години, кои имаат одреден ивалидитет, што почесто да спортуваат.

Главната цел е запознавање, дружба и размена на искуства со цел што подобро да се вклучиме во сите сегменти на општеството, велат граѓаните кои беа присутни на Спортско-рекреативниот центар на езерото Треска.

Традиционално, средбата беше под мотото “Сплотени, достоинствени и силни” со што беше испратена порака дека здружени и организирани, лицата со инвалидитет може да се изборат за подобра позиција во општеството.