Македонија
20. May 2020 - 16:52

59-годишниот Цветан Крстески - уште една жртва на измама на ,,фаталната‘‘ прилепчанка

Се запознале преку нејзина пријателка, а по година и пол заеднички живот, успеала да му извлече милион и шестотини илјади денари, преку банкомат - 59 годишниот вдовец Цветан Крстески е уште една жртва на прилепчанката против која има кривични пријави за кражба. За измамата Цветан, кој е нејзин сограѓанин дознал, откако отишол до банка да извади пари.

И во овој случај, два месеци по настанот, љубовницата си заминала, без никаква најава. Парите не ги вратила. Поради тоа Цветан, неколку пати пријавил во полиција.

Претходно, жената на сличен начин успеала да го измами 56 годишниот скопјанец, кој остана без своите 3000 евра, пари со кои планирал да исплати семеен долг.