Македонија
22. January 2025 - 17:15

55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко

Вчера во 11.10 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Р.Ѓ.(55) од кривопаланечко село, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз 50 – годишна жена од истото село, соопшти МВР.

Р.Ѓ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.