Македонија
31. May 2024 - 17:51

52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје, К.К.(52) од Скопје пријавил дека околу 16:40 часот во неговиот продажен објект на подрачје на Карпош, едно лице со закана со пиштол и нож од касата одзело пари и при обид да избега, паднало и се повредило, а тој успеал да го совлада и да повика полиција. 

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за И.С.(37) од Скопје и од него биле одземени пиштолот и ножот. Лицето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.