51 санкционирани возачи за брзо возење во Скопје, 21 без возачка

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкциja, 21 меркa за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 19 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за непрописно престројување на возила...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
