-->
-->
51-годишен скопјанец се бори за живот на Ургентен по случена сообраќајка, го реанимираат со часови
-->
51-годишен скопјанец се бори за живот на Ургентниот центар откако претходно денеска учествувал во сообраќајна несреќа во Гази Баба. Од Ургентен за Сител велат дека повредениот има тешки телесни повреди и дека со часови го реанимираат.
Од МВР информираат дека во СВР Скопје е пријавено дека во 13.45 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило "киа" со холандски национални ознаки, управувано од Б.С.(44) и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(51) од Скопје
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники "Мајка Тереза". Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична за тетовец вработен во јавно претпријатие, парите не ги предал во благајна туку ги присвоил за себе
-
Приведен 39-годишен скопјанец, ги нападнал сестрата и неговата мајка
-
Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска
-
Потрошувачите во Хрватска повикани на неделен бојкот на малопродажните синџири и производи
-
АМСМ: Магла во Битола и Прилеп, видливоста од 50 до 100 метри
-
Комеморација во Аушвиц: Преживеаните сведочат за ужасите на Холокаустот
-
Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Кривична пријава против велешанец за криумчарење на тројца мигранти