5000 работници од Македонија во 2017 година нашле работа во Германија
Над 5 000 македонски граѓани во 2017 нашле работа во Германија. Слободните работни места во земјата ги зазеле преку 20 000 лица од змејите на Западен Балкан, анализира Дојче Веле. Од нив најмногу работни визи добиле граѓаните на Косово и Босна и Херцеговина по што следат Македонија, Србија Албанија и Црна Гора. Најголем дел од нив нашле работа во градежништвото.
Градежниците од змејава пак изминативе денови алармираа дека нивниот обем на работа е паднат на минимум. Предупредија дека состојбата ќе се влоши и ќе има отптштања на работници. Најголем дел од градежните компании се ангажирани во изгрдба на станови. Тие бараат во најскоро време да се продолжи рокот за 5 отсто ДДВ до 2023 при првата продажба на станови како и да се забрза постапката за издавање дозволи за градба.
Во март биле издадени 45 отсто помалку одобренија за градба споредено со истиот месец лани. Од бизнисот посочија дека состојбата дополнително ја влошува најавеното поништување на урбаниситичките планови од одредени општини.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар