Македонија
25. April 2021 - 10:16

50 лица го прекршиле изминатиот полициски час

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека од 20.00 часот (24.04.2021) до 05.00 часот (25.04.2021) 50 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие (24/25.04.2021), пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 678 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19.