Кошарка
18. August 2015 - 7:52

50 илјади сарајлии ги поздравија шампионите

Големо славје се случи во понеделникот вечерта во главниот град на БиХ, Сараево. 

Повеќе од 50 000 граѓани излегоа на плоштадот да ги поздрават новите херои, членовите на кошаркарската репрезентација кои го освоија златниот медал на ЕП за кошаркари до 16 години совладувајќи ја во финалето домашната селекција на Литванија.