50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според член 377 став 5 од Кривичниот законик.
Осомничениот, како што информираат од републичкото Основно јавно обвинителство, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе нападне врз животите на неговата сопруга и ќерка.
-Кога во нивниот дом дошле непознати лица, барајќи од осомничениот да им врати 200 евра кои му ги дале за наводно лекување и дијализа на девојчето, сопругата признала дека ги измамил и рекла дека ќе повика полиција. Во тој момент осомничениот започнал да го удира девојчето и да им се заканува дека ќе ги запали доколку го приведе полиција. Со ова тој предизвикал чувства на загрозување и страв кај оштетените, а ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои му биле претходно определени од Основниот суд во Тетово - наведуваат од Обвинителството.
Ценејќи ги сите овие околности, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
