Македонија
15. December 2022 - 14:51

49 дојави за бомби досега испратени во училишта во Скопје и Куманово

49 дојави за бомби се испратени досега во училишта во Скопје и Куманово. 

Дојави за бомби има во 17 основни и 22 средни училишта во Скопје, додека пак во Куманово има во 8 основни училишта, еден клон на училиште и едно средно училиште.

Во најголем дел од училиштата во Скопје завршени се проверките и утврдено е дека станува збор за лажни дојави за бомби, за останатите се уште се проверуваат дојавите за бомби.

Во Куманово се завршени сите проверки во сите училишта и утврдено е дека станува збор за лажни дојави за бомби.

- Секторот за внатрешни работи Куманово ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во осум основни  училишта и еден клон, како и едно средно училиште во Куманово во врска со  закани за поставени експлозивни направи и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од СВР Куманово.

 

Ивана Соколовиќ Најдова