Македонија
16. July 2019 - 16:26

47 годишниот Горан Спиров од Штип живее со вештачко срце една година

Пред една година животот му висел на конец, но по успешното вградување на вештачко срце во Клиничката болница “Аџибадем Систина” 47 годишниот Горан Спиров од Штип почнал нормално да живее, да спортува и да се дружи со пријателите. Првиот пациент кој доби механичко срце во земјава на шега вели дека сега единствениот проблем му е тешкиот ранец  во кој е сместен органот. Апаратот може да го користи само 6 години, а во меѓувреме Спиров се надева дека со трансплантација ќе добие вистинско срце.

-Се надевам дека ќе биде најдено срце што ќе ми биде направена трансплантација, изјави Горан Спиров.

Професорот Александар Николиќ кој заедно со тимот лани на штипјанецот Спиров му вградија вештачко срце вели дека како Аџибадем Систина и технички и кадровски се подготвени и за трансплантации, но сегашниот закон не дозволува вакви интервенции да се изведуваат во приватни болници.

-Ние сме технички и кадровски подготвени, единствено законите не спречуваат во тоа. Единствено во Македонија и во БиХ не се врши трансплантација на срце, рече проф. д-р Александар Николиќ, шеф на кардиохирургија во Аџибадем Систина.

Здравствените власти минатата година најавија можност за трансплантации и во приватни болници, но досега не се направени законските измени.