47-годишник осомничен за грабеж и закана со нож

Скопјанец е осомничен за крадење пари од маркет, при што со нож ѝ се заканувал на продавачката.
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишник, за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело - „разбојништво“, според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 4 септември, осомничениот влегол во маркет на булеварот „АСНОМ“ и веднаш се упатил во просторот кај касата и ја отворил. Сопственичката на продавницата, која работела и како продавач, му се спротивставила, но тој извадил нож со кој ѝ се заканил, ја оттурнал и од касата одзел 16.300 денари, колку што имало во тој момент, информираат од Обвинителството.
Во меѓувреме, оштетената излегла од продавницата и ја затворила вратата, обидувајќи се да го задржи во продавницата, но, тој со сила ја турнал вратата, успеал да ја отвори и избегал од местото.
- Бидејќи се исполнети законските услови, односно постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и кои го оправдуваат стравот, дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор, се појаснува во соопштението.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
