45 годишна скопјанка со туѓи податоци аплицирала за брзи кредити

СВР Охрид денеска соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „ злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, ОВР Струга поднело кривична пријава против Р.С. (45) од Скопје.
- Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување по што, со намера да прибави противправна имотна корист, доведувајќи ги оштетените во заблуда, ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити. Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин, пријавената се стекнала со бесправна имотна корист од 319.706 денари, информира портпаролот Стефан Димоски.
Ново на Сител
-

Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
-

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди
-

Четири години војна
-

Куќен притвор за Артан Груби
-

СДСМ: Се е однапред договорено
-

Минималната и функционерските плати во Собранието
-

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
