-->
-->
448 санкционирани возачи во Скопје, од кои 52 за пречекорена брзина
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Натериторијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 448 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 52 прекршоци, 33 мерки за технички неисправни возила и 43 за возење без возачка дозвола. Изречени се 67 мерки за непрописно паркирање, 61 возило е подигнато со „пајак“, санкционирани се и 23 пешаци, а изречени се 64 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите