44,5 степени највисоката максимална температура во Грција вчера
Екстремно високи температури биле регистрирани вчера во повеќе делови на Грција, а на островите Крит и Родос, на Пелопонез и во областа Атика, поширокиот регион на Атина термометарот покажал меѓу 43,3 и 44,5 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија и порталот Метео.
Од вкупно 500 активни метеоролошки станици во цела Грција, половина од нив измериле над 37 степени, а 136 станици над 40 степени.
Највисоката максимална температура (44,5) била регистрирана во близина на Ханија на островот Крит, а просечната максимална температура во Грција била 36,3 степени.
Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 55 од 74 активни станици регистрирале температури над 40 степени.
Од вторникот Грција ја зафати топлотен бран со екстремно високи температури што кулминираше вчера, а надлежните министерства излегоа со мерки и препораки за граѓаните, дел од училиштата и градинките во земјата во средата и четвртокот беа затворени, а истите денови Акропол во периодот од 12 до 17 часот беше затворен за посетители.
Ново на Сител
-
Почина Стојан Андов
-
ОН: Во 2023 година за 72 проценти зголемен бројот на цивилни жртви во конфликтите ширум светот
-
Малолетник со мотор прегази жена во Шабац
-
Десетици севернокорејски војници ја минаа границата со Јужна Кореја
-
Мбапе се пошегува по повредата на носот
-
Тејтум конечно дојде до НБА прстенот
-
Автогол и донесе на Франција победа над Австрија
-
Жиру: Повредата на Мбапе остави белег во победата над Австрија