435 санкционирани возачи во Скопје во текот на вчерашниот ден
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 435 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 81 санкција, 41 мерка за нерегистрирани возила, 15 санкции за технички неисправни возила за јавениот превоз, 8 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 16 санкции за управување под дејство на алкохол, 27 мерки за некористење сигурносен појас, 17 санкции за користење на мобилен телефон, 36 мерки за непрописно паркирани возила, и 31 санкција за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилствата меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
