43 килограми злато вредно 2,3 милиони евра запленето на скопскиот аеродром | ФОТО
„Вчера во вечерните часови на Меѓународниот аеродром Скопје, царинските службеници открија и запленија над 43 килограми златен накит. Ова е рекордна заплена на златен накит, која се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра“, изјави директорката на Царинска управа, Славица Кутиров, на прес-конференција на која информираше за заплената на златниот накит.
Имено, по претходни сознанија и основан сомнеж, лице со српска патна исправа, кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. Притоа во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски ќеси, меѓу кои и накит од бело злато со дијаманти со приложени сертификати. Лицето претходно се упатило на зелен канал и не ја пријавило стоката.
Лицето и стоката се привремено задржани и во моментот се спроведува истрага. Во истрагата се вклучени Секторот за контрола и истраги и Секторот за професионална одговорност на Царинската управа. За случајот веднаш e известен дежурниот јавен обвинител заради спроведување на понатамошни истражни дејства.
„Царинската управа во рамки на своите приоритети за заштита на општеството и безбедноста на граѓаните, е силно фокусирана на борба против криминал и спречување на нелегална трговија. Во 2022 година бележиме двојно зголемување на бројот на случаи на спречување на недозволена трговија во сите категории во однос на 2021 година“, истакна Кутиров.
Споредено со 2021 година, кога имало 58 случаи на заплени, минатата година се евидентирани вкупно 114 случаи на заплени, и тоа: над 8 тони дроги и психотропни супстанци, како и заплени на девизи, злато и акцизна стока во вредност од над 2 милиони евра. Од нив во 5 случаи се запленети 33.8 килограми злато, со проценета вредност од околу 1.5 милион евра. Истото е предадено на Агенцијата за одземен имот, која понатаму го депонира во Народната Банка, до правосилно завршување на судската постапка.
Од почетокот на 2023 година како што информираше Кутиров, Царинската управа бележи 18 случаи на спречување на недозволена трговија во повеќе категории, меѓу кои: 2 случаи со околу 50 килограми запленети дроги и психотропни супстанци, 9 случаи на заплена на акцизна стока (тутун и преработки од тутун, електронски цигари и тутун за наргиле), 3 случаи на заплени на девизи со вкупен износ од над 90 илјади евра, како и 2 случаи на заплена на злато, вклучувајќи го и овој случај, со вкупна проценета вредност од над 2,3 милиони евра.
Ново на Сител
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
-
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Приведени три лица од Тетово, возеле со брзина поголема од дозволената
-
Приведен скопјанец, возел со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
Санкционирани 154 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг