Македонија
18. December 2021 - 10:53

41-годишна скопјанка пронајдена мртва во хотелска соба во Чаир

Пред два дена (16.12.2021) во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба во хотел на ул.„Чаирска” во Скопје била пронајдена почината К.Н.(41) од Скопје, соопштија од МВР.

Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.