40.000 ученици настава ќе следат на телевизија
МОН ја презентираше новата национална платформа за онлајн настава. Наставничката и десетина ученици од одделението се вклучија на час по информатика. На екранот се гледаа имињата на присутните и беа означени оние кои во моментот зборуваат. Решаваа краток квиз. Им беше доделена и домашна задача со означен рок до кога да ја испратат. Вака изгледаше симулацијата на еден онлајн час преку новата платформа.
Министерката Царовска вели ова е само пример и тврди дека платформата може да поддржи работа и со поголеми одделенија од 30 или 35ученици.
40 000 ученици кои немаат услови за онлајн настава, ќе ги следат часовите преку кратко видео кое ќе се прикажува на некој од каналите на националниот сервис. Дополнително наставниците ќе треба да им испечатат материјали и да ги достават до секое дете преку родителите а потоа да се вратат на оценување.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот